Пратениците од СДСМ се откажаа од работа, ама си ги задржааа платата и имунитетот

Зоран Заев го замрзна учеството на опозициските пратеници во Парламентот, но тие и натаму земаат висока пратеничка плата и го користат пратеничкиот имунитет.

Пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, која вчера беше дел од „шарните“ кои повторно уништуваа државен имот и ја напаѓаа македонската полиција, го управуваше возилото кое ги снабдува „револуционерите“ со боја. Таа синоќа беше сопрена од полицијата во близина на Зелениот пазар додека управувала возилото. Униформираните полициски службеници констатирале дека Димова сторила два прекршока по Законот за сообраќај и еден прекршок по Законот за јавен ред и мир.

-Ми побараа документи, ја покажав пратеничката легитимација. Ме прашаа дали се повикувам на пратеничкиот имунитет, реков ДА, призна вчера Димова.

Истата се повикала на пратеничкиот имунитет одбивајќи да постапи по полициските наредби да го отвори комбето за да се изврши претрес. За да се заштити од санкции Лидија Димова на помош ги повикала и хулиганите задолжени за насилство на протестите на СДСМ да испровоцираат инциденти и судири со полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.