сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 55

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Дескоска се обиде со пресконференцијата да го одвлече вниманието од несогласувањата со Шекеринска

Свесни сме дека потпретседателката на СДСМ г-ѓата Рената Дескоска со денешната прес конференција имаше намера и се обиде да го одвлече вниманието од вчерашните несогласувања и кавги кои таа ги имаше со заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во врска со одбивањето таа да гласа и недавањето на поддршка на останатите пратеници од СДСМ при вчерашното гласање на пакет законите договорени во Пржино, реагираат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

sobranie

Поврзани вести

Свесни сме дека потпретседателката на СДСМ г-ѓата Рената Дескоска со денешната прес конференција имаше намера и се обиде да го одвлече вниманието од вчерашните несогласувања и кавги кои таа ги имаше со заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во врска со одбивањето таа да гласа и недавањето на поддршка на останатите пратеници од СДСМ при вчерашното гласање на пакет законите договорени во Пржино, реагираат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

СДСМ и понатаму продолжува со ефтини трикови и обиди за класична манипулација.  Ништо ново и веќе познато губитничко сценарио на СДСМ.

Потпретседателката на СДСМ и пратеничка Рената Дескоска и денес повторно се обиде да ја изманипулира македонската јавност преку ширење на куп невистини, лаги и конструкции.

Би сакале да ги информираме и г-ѓата Дескоска и СДСМ дека одоложувањето на примената на Законот за извршување и на Законот за нотаријат е направено со претходна директна консултација и договор со Комората на извршители, со Нотарската комора на Република Македонија, но и со поголемите доверители кои обезбедуваат комунални услуги како што се ЕВН, Македонски Телеком, ОНЕ и БЕГ, со што се излезе во пресрет на нивните барања за одложување на примената на овие два закони како тие би можеле да направат усогласување со овие два закони и комплетно да ги имплементираат во нивните внатрешни процеси и системи, но и документација и неопходни ресурси потребни за реализација на овие два закони. Ова одложување на примената на Законот за нотаријат и Законот за извршување е направено со цел да се избегнат евентуалните проблеми при имплементацијата на истите, со обезбедуваме уште поголема правна сигурност на граѓаните и правните лица во Република Македонија и овозможуваме непречено одвивање на правниот промет во нашата држава.

Имено, со измените на овие два закони чие стапување во сила вчера беше одложена за 01.01.2017 година ќе се воведат важни новитети како во зголемувањето на надлежностите на извршителите, така и во постапките кои ги спроведуваат извршителите при извршувањето, но и за прв пат ќе се воведе и вонсудска наплата на долговите по основ на веродостојна исправа кои произлегуваат од дадените комунални услуги. Додека пак, со измените на Законот за нотаријатот ќе се воведат важни новини како во работењето на нотарите, така и на Нотарската комора на Република Македонија, исто така ќе се воведе и водење на целосна електронска евиденција на сите книги, уписници и именици, но и ќе се овозможи учество на адвокатите во одредени предмети  во постапките пред нотар. Исто така, уште една позитивна и важна новина е тоа што со овие измени ќе се овозможи и намалување на трошоците кои ги имаат граѓаните при користење на услугите од извршителите или нотарите.

Токму затоа, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ и овој пат не е нималку зачудена  од очајничкиот обид на СДСМ преку вакви празни прес конференциии да манипулира и да ја извртува вистината.

Свесни сме дека потпретседателката на СДСМ г-ѓата Рената Дескоска со денешната прес конференција имаше намера и се обиде да го одвлече вниманието од вчерашните несогласувања и кавги кои таа ги имаше со заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во врска со одбивањето таа да гласа и недавањето на поддршка на останатите пратеници од СДСМ при вчерашното гласање на пакет законите договорени во Пржино.

Како и многу пати досега, така и овој пат, им порачуваме на СДСМ дека ваквите обиди нема да поминат и нема да успеат бидејќи граѓаните знаат кој ја зборува вистината, а кој постојано сее магла и шири невистини.

Најчитани вести