недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 35

Пратениците расправаат за предлог измените на законот за заштита од пушењето

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 85. седница ја продолжи расправата по измените и дополнувањата на Законот за заштита од пушењето предложен од опозицијата, пренесе МИА.

sobranie

Последни вести

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 85. седница ја продолжи расправата по измените и дополнувањата на Законот за заштита од пушењето предложен од опозицијата, пренесе МИА.

Предложените измени и дополнувања според опозицијата се во насока на донесување пофункционален закон за заштита од пушењето кој ќе ги допрецизира местата определени за пушење во угостителските објекти. За мнозинството во Парламентот, предложениот закон е нецелосно, популистички, неевропски и против општиот интерес на граѓаните.

Во денешната расправа Јулијана Силјановска истакна дека целта на овој предлог е да се донесе пофункционален закон за заштита од пушењето. Една од целите е подобрување на економската состојба во угостителската дејност која. драстично намалена во периодот по донесување на законот.

Актуелните законски решенија ја влошија економската состојба на оние што се занимаваат со угостителство. Ја намалија посетеноста на угостителските објекти и доведе до опаѓање на проемтот што придонесе и до отпуштање на голем број вработени од оваа дејност, рече Силјановска.

Според неа, со овие измени во пракса не се загрозува правото на оние кои не се пушачи.

Хари Локвенец потенцира дека законското решение е предлог на економските оператори кои се засегнати. Луѓето, додаде Локвенец, имаат реален проблем и сакаат да го решат. Со предлогот се бара конкретно и прецизно дефинирање меѓу деловен објект, бавча и тераса и да се дозволи на економските оператори да функционираат како што треба.

Сакаме точно да ги дефиираме поимите. Што е она што е дозволено, а што е она што не е дозволено, рече Локвенец и додаде дека не станува збор за преадаптација и дозвола за пушење на јавни места како болници, театри, канцеларии.., туку само за кафеаните и кафетериите.

Неговиот сопартиец Петре Шилегов потенцира дека со законското решение се бара да се изрегулираат правилата на местата каде што е дозволено пушењето.

Сега состојбата е оствена на толкување на шест надлежни органи. Она што сакаме со ова законско решение во оваа држава да постојат правила кои ќе важат за сите, рече Шилегов.

Според Влатко Ѓорчев, со предлогот се оди дирекно на рушење на постоечкиот закнон и враќање на состојбата во 1995 година.

Ние носиме европски закон, кој го има во дузина европски земји и закон кој ја подигна свеста на граѓаните. РМ со тешки напори го зголеми животниот век од 74 на 76 години со низа мерки. Вие сакате сето тоа да го урнете. Вие сакате да донесете бурунди закон на сметка на европски закон, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека е направена анализа во првите денови откако е донесен законот и утврдено е зголемување на прометот во угостителските објекти.

За Крсто Мукоски предложениот закон е квази законско решение кое го нема никаде во Европа и со кое се бара угостителите да направат нов паралелен затворен објект како оној за непушачите.

Со постоечкиот закон е добро регулирано каде смее да се пуши. Јасно и концизно е наведено, а вашето решение не е прецизно, рече Мукоски.

Според Јасмина Дамчевска предложеното законско решение не е целосно и небулозно. Димитар Стевананџија смета дека популистичко на штета на граѓаните.

Расправата, пратениците ќе ја продолжат по едночасовната редовна пауза.

Најчитани вести