Пратениците со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите полицајци

Собранието на Република Македонија денеска не ја одржа закажата 47. седница поради прогласениот Ден на жалост во Републиката.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски го осуди обидот за нарушување на безбедноста чија цел е дестабилизација на државата.

Тој изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо заздаравување и враќање кај нивните семејства и нивните работни места.

Пратениците со едноминутно молчење им оддадоа почит на осуммината припадници на полицијата кои загинаа во вчерашната акција во Куманово.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја закажа 47-та седницата за утр