Пратениците в среда ќе одлучуваат за распуштање на Собранието

Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски за  в среда ја закажа седницата на која пратениците треба одлучат дали парламентот ќе се распушти со што ќе се отвори пат за распишување на предвремени парламентарни избори.

Од Собранието информираат дека Вељановски за петти март ја закажа 87-та седница со единствена точка на дневниот ред – Предлог одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Инцијативата за самораспуштање на парламентот ја поднесе пратеничката група на Демократската партија на Унијата во саботата поради несогласување со владиниот коалиционен партнер ВМРО ДПМНЕ за консензуален кандидат за претседател.