Пратениците во Бугарското собрание положија заклетва

Пратениците избрани во составот на 43. Народно собрание на Бугарија денеска положија заклетва, пренесе МИА.

При отварањето на конститутивната седница најстариот пратеник во Парламентот, Стефан Данаилов на шега изјави дека тој повторно е највозрасниот и оти има можност повторно да се обрати до пратениците со надеж дека овој паламентарен состав ќе биде подобар во извршувањето на задачите.

Според него, како што јави БТА, во Бугарија биле заспоставени принципите на демократија и затоа треба итно да бидат преземени мерки за национален спас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.