Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ со честитка за Курбан Бајрам

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци и на сите останати граѓани од исламска вероисповест во Република Македонија им го честита големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

– Ова е денот кога ги зацврстуваме и истакнуваме вредностите на толеранција, заедништво и хуманост, но и кога ги одржуваме и унапредуваме човечките и меѓукултурните односи кај луѓето. Ова е денот кога обединети и со заеднички сили покажуваме меѓусебно почитување на верските разлики и упатуваме силна порака дека заедно можеме да градиме цврсти врски на соживот и меѓусебно разбирање бидејќи само така ќе успееме да создадеме вредности кои ќе дадат огромен придонес за развој и просперитет на нашата држава, се вели во честитката.

Во духот на овие вредности, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници од исламска вероисповест во Република Македонија им го честита големиот празник Курбан Бајрам и им посакува овие празнични мигови да ги поминат во радост, спокој и хармонија во кругот на своите семејства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.