Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: На површина излезе лажната грижа на СДСМ за граѓаните

На вчерашната седница на Комисијата за финансирање и Буџет, пратениците на СДСМ ги одбија своите амандмани кои ги предлагаа пред само години или две, а со кои лажно се претставуваа пред граѓаните дека сакаат да ги решат нивните проблеми.

Еден од тие амандмани кој беше одбиен е амандманот кој СДСМ го поднесе кога беше во опозиција, а се однесува на зголемување на средствата за наменски блок дотации за основно образование за Општина Кичево. Со овој амандман се предвидуваше дополнителни 6 милиони денари за да се подмири долгот за греење во основните училишта во Општина Кичево. Овој амандман беше одбиен од страна на СДСМ.

Со одбивање на овој амандман, СДСМ покажа и докажа дека немале искрена и добра намера кога го поднесувале овој амандман, туку истиот го поднеле само за дневен политички маркетинг. СДСМ треба да објасни пред граѓаните зошто овие исти амандмани кои ги предлагаа кога беа опозиција беа прифатливи за нив, а сега се неприфатливи, стои во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ си земаа за обврска да ги поднесат истите оние амандмани коишто ги поднесоа СДСМ пред неколку години кога беа во опозиција, со цел граѓаните да видат каква лицемерна политика води СДСМ.

Пратениците на СДСМ воопшто ниту се грижеле за граѓаните кога беа во опозиција, ниту се грижат за проблемите на граѓаните сега кога се на власт. СДСМ во овој краток период покажа дека за нив приоритет е вработувањето на партиски кадри и партизација на сите државни институции, а не граѓаните и нивните потреби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.