Балкан

Пратеничка на Косово пријавила дека има 56 милиони евра во банка

Пратеничка на Косово пријавила дека има 56 милиони евра во банка

Јелена Бонтиќ, пратеничка на Српската листа во Собранието на Косово, е на чело на листата на најбогатите личности во косовските институции, со пријавени 56 милиони евра заштеда, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Покрај милионите на сметката во Српска комерцијална банка во Лепосавиќ, Бонтиќ пријавила уште 22 илјади евра депонирани во Нова љубљанска банка (НЛБ).

Таа, исто така, пријавила и дека поседува стан во вредност од 20 илјади евра, пишува „Зери.инфо“.