Пратеничка на СДСМ шест месеци не се појавила во Собранието а зела 12.000 евра

Пратеничката на владејачката СДСМ, Мира Стојчевска од изборната единици 3, шест месеци не се појавила на своето работно место во Собранието да ги застапува оние коишто ја гласеле, но затоа за патни трошоци инкасирала 11.736 евра, објави на социјалните мрежи актерката Ирена Ристиќ.

Во својот ироничен пост на „Facebook“, Ристиќ алудира на обвинувањата за големите исплати за патни трошоци на народните претставници од минатиот парламентарен состав, како и дека оние кои тоа жестоко го критикуваа ветувајќи „живот“ сега ја применуваат истата практика.

 

„Доста е отрови!
Еве ни шанса…
Мачево се вика Мријана Стојчевска
Пратеничка на СДСМ.
У 9 месеци. 6 месеци не одела на работа…
За тој чесен напор добила 11.736 евра за патни трошоци.
Пут путује мој јаран, путујем и ја…“, пишува Ристиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.