Пратеничката група на СДСМ нема да учествува во Анкетната за фалсификувањето на личните карти

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески денеска изјави дека тие немаат намера да учествуваат во Анкетна комисија за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи.

– Апсолутно немаме никаква намера да учествуваме во Анкетната комисија којашто ВМРО-ДПМНЕ сам си ја составува во ова Собрание која не ниту согласно договорот од Пржино. Нашиот став поврзан со анкетните комисии е за утврдување на политичка одговорност на функционери така што во ова Собрание веќе има формирано Анкетна комисија согласно договорот од Пржино, а таа е поврзана со скандалот со прислушувањето и ги опфаќа сите работи со одгвоорност на избрани и именувани функционери во оваа држава, изјави Сугарески, пренесува МИА.

Според него, за се што е поврзано со скандал, а не е поврзано со политичка одговорност има институции…

– Специјалното јавно обвинителство може да ги истражува овие случаи поврзани не само со пасоши и со лични карти и со сиот криминал во оваа држава и затоа не гледаме апсолутно причина за наше учество, рече Сугарески откако денеска на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата беа предложени членови од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА за членови на оваа Анкетна комисија.

Пратеничката група на СДСМ, според Сугарески, не гледа потреба од формирање на таква Анкетна комисија ниту ја смета за легитимна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.