Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ докажа дека Собранието и СДСМ работат незаконски

Институционална победа е решението од Антикорупциска комисија во кое се вели дека не може да се разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски и тоа претставува доказ на неколкудневната расправа и отпор кој го правеа ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од Коалицијата „За подобра Македонија“.

Наспроти ова, Талат и СДСМ продолжија со кршењето на Уставот и Законите и ова преставува насилие кое трае во континуитет.

Талат реши да го игнорира Законот и Уставот и по секоја цена да протурка разрешување на Зврлевски.

-Именувањата и разрешувањата на директорите кои новата власт ги направи во последниот период се противзаконски и противправни. Сите смени на директорски позиции кои новата Влада ги направи после распишувањето на локалните избори се противзаконски. Исто така Собранието не смее да го разреши ниту Марко Зврлевски од позицијата јавен обвинител, се до одржувањето на локалните избори- ова беше соопштено од Државната комисија за спречување на корупцијата.

До одржувањето на локалните избори, Собранието не смее да го разреши јавниот обвинител, Марко Зврлевски, велат од Државната комисија за српечувањена корупција. Пратениците на СДСМ веќе подолго време се обидуваат противправно и противзаконски да разрешат Зврлевски и да постават јавен обвинител кој под маса ќе ги стави предметите за лица од врхушката на СДСМ.

-Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конститурање на советот на општините и градот Скопје, постои законска пречка да разрешуваат  и да се именуваа лица од и во државни и јавни институции каде надлежност за именување или разрешување има Собранието на Република Македонија или други институции кои вршат именувања и разрешувања, се вели во соопштението.

Пратеникот Илија Димовски денеска од собраниската говорница истакна дека со објавеното мислење на Антикорупциска, јасно е дека дискусијата по однос на точката разрешувања на Марко Зврлевски е незаконска.

Димовски потенцираше дека Талат Џафери можеби си земал за слобода да не го испрати овој допис до сите пратеници, како што е пракса досега, и му даде копија за да види дека дебатирањето по оваа точка е противзаконско.

-Ние нашата цел е постигната, ние од самиот старт знаевме дека ова тесно мнозинство е одлучено да го разреши Зврлевски и немавме никаква дилема дека тоа е донесена политичка и партиска одлука од штабот на СДСМ, нити во одреден момент мислевме дека со дискусија ќе смениме мислење на овие 62 пратеници. Но во исто време целата јавност дозна дека СДСМ е спремен грубо, дрско да крши закон и да крши најзначајно изборен закон и во оваа постапка, во Собранието, но и во сите други постапки во оваа држава, изјави Димовски.

Димовски кажа дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, ќе ја напуштат оваа точка од седницата и иако има пријавени 9 луѓе за реплики, нема повеќе да учествуваат во оваа протизаконска постапка.

-Ние немаме намера повеќе да бидеме дел од противзаконски постапки. На било која друга седница која што ќе ја закажете утре,задутре или било кој друг, кога ќе разговараме за егзистенцијални проблеми на граѓаните, ние ќе дојдеме, но на се што е противзаконско, сега и со документ, нема да присуствуваме.