Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушта работата на Собранието

Ваквата одлука на денешната прес-конференција на која присуствувбаше цела пратеничка група ја соопшти Антонијо Милошоски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција заради ваквото однесување, прекршување на принципи, закони, Уставот ќе ја напушти работата на Собранието. Не планираме да бидеме соучесници во носењето на штетни договори за Република Македонија кои државата ја ндоведуваат во потчинета состојба, а истовремено тоа се прави на еден недемократски начин со прекршување на законите на Уставот и на Деловникот, нагласи Милошоски.

Тој нагласи дека дополнително партиските тела ќе одлучуваат за натамошните чекори.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.