среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 37

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Со новиот Унверзитет „Дамјан Груев“ ќе се зголеми квалитетот на образованието

Наставата на Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ ќе може да се изведува и на еден од официјалните јазици на Европската Унија.

вмро

Последни вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес на 108-та Седница на Собранието на Република Македонија ја даде поддршката на Предлог на законот за дополнување на Законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ преку кои се врши подигнување на стандардите за наставно-научниот кадар и останатите вработени кои што треба да придонесат за обезбедување на поголем квалитет и интернационализација на универзитетот.

Со овие дополнувања на законот, наставата на Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ ќе може да се изведува и на еден од официјалните јазици на Европската Унија.

Високообразовната, научно-истражувачката и апликативната дејност на факултетите кои што се во состав на универзитетот ќе може да ја изведува само наставно-научен кадар од универзитет од првите 500 највисоко рангирани високообразовни установи, рангиранина последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џиао Тонг универзитет или од последната објавена листа од Quacquarelli Symonds од Велика Британија, како и акредитирана високообразовна установа на еден од првите 200 најдобро рангирани универзитетиод соодветното научно подрачје.

Друго значајно дополнување на оној закон е подигнување на стандардите за наставниците и соработниците кои што покрај условите предвидени со Законот за високо образование ќе треба да исполнуваат и дополнителни услови.

  • За работа како асистент дополнително ќе треба да се има објавени најмалку еден научен труд во научно списание коe е од соодветната област во базата на Web of Science, SCOPUS, EBSCO, Emerald во последните пет години и ако мајчин јазик не му е еден од официјалните јазици на Европската Унија да поседува меѓународно признат сертификат за познавање на јазик, издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б2 (B2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат, ТестДаФ , не постар од пет години.
  • За работа како доцент дополнително ќе треба да се има објавени најмалку три научни труда во научно списание коe е од соодветната област во базата на Web of Science, SCOPUS, EBSCO, Emerald во последните пет години и ако мајчин јазик не му е еден од официјалните јазици на Европската Унија да поседува меѓународно признат сертификат за познавање на јазик, издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б2 (B2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат, ТестДаФ , не постар од пет години.

За работа како вонреден професор дополнително ќе треба да се има:

За вонреден професор објавени најмалку пет научни труда во научно списание  кoe е од соодветната област во базата на Web of Science, SCOPUS, EBSCO, Emerald  во последните пет години и ако мајчин јазик не му е еден од официјалните јазици на Европската Унија да поседува меѓународно признат сертификат за познавање на јазик, издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б2 (B2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат, ТестДаФ , не постар од пет години.

  • За работа како редовен професор ќе треба да се има дополнителни објавени најмалку шест научни труда во научно списание коe е од соодветната област во базата на Web of Science, SCOPUS, EBSCO, Emerald во последните пет години и ако мајчин јазик не му е еден од официјалните јазици на Европската Унија да поседува меѓународно признат сертификат за познавање на јазик, издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б2 (B2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат, ТестДаФ , не постар од пет години. Додека,  за повторен избор за редовен професор дополнително ќе треба да се има објавени најмалку шест научни труда во научно списание коe е од соодветната област во базата на Web of Science, SCOPUS, EBSCO, Emerald  во последните седум години и ако мајчин јазик не му е еден од официјалните јазици на Европската Унија да поседува меѓународно признат сертификат за познавање на јазик, издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б2 (B2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат, ТестДаФ , не постар од пет години.

Освен дополнителните услови за наставниците и соработниците со ова дополнување на законот се подигнуваат и стандардите за ректор и декан на Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“.

  • За позицијата декан дополнително ќе треба да се има објавени најмалку шест научни труда во научно списание коe е од соодветната област во базата на Web of Science, SCOPUS, EBSCO, Emerald во последните седум години и ако мајчин јазик не му е еден од официјалните јазици на Европската Унија да поседува меѓународно признат сертификат за познавање на јазик, издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б2 (B2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат, ТестДаФ , не постар од пет години.
  • За позицијата ректор дополнително ќе треба да се има објавени најмалку шест научни труда во научно списание коe е од соодветната област во базата на Web of Science, SCOPUS, EBSCO, Emerald во последните седум години и ако мајчин јазик не му е еден од официјалните јазици на Европската Унија да поседува меѓународно признат сертификат за познавање на јазик, издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б2 (B2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат, ТестДаФ , не постар од пет години.

Покрај настано-научниот кадар на универзитетот се воведуваат и дополнителни услови за вработените во високообразовните установи кои вршат работи од административна природа заради остварување на дејноста високо образование и имаат статус на административни службеници. Освен условите предвидени со одредбите од Законот за високото образование мора да имаат просек од минимум 8 доколку студиите од прв циклус ги завршиле на еден од универзитетите кои се меѓу првите пет рангирани универзитети и високообразовни установи во состав на универзитетите, запишани во регистарот на високообразовни установи во државата, или просек од минимум 8,5 доколку студиите од прв циклус ги завршиле на еден од универзитетите кои не се меѓу првите пет рангирани универзитети и високообразовни установи во состав на универзитетите, запишани во регистарот на високообразовни установи во државата.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека до овие дополнувања на Законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ значително ќе се допринесе за подигнување на квалитетот на наставно-научниот кадар, а истовремено и квалитетот на образовниот процес и материјата со која што ќе се стекнуваат идните студенти кои што ќе се запишат на некој од факултетите во рамките на новиот универзитет.

Најчитани вести