Пратенички прашања во интерес на кумановци

На денешната седница за поставување на пратенички прашања даде и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски. Тој од претставниците од извршната власт побара одговори на три пратенички прашања.

Првото прашање на пратеникот Ѓорѓиевски беше во врска со невработеноста во Општина Куманово. Како што рече тој, во моментов во Куманово според податоците има околу 19 илјади невработени лица од кои 10 илјади активни баратели на работа, а останатите се пасивни баратели на работа. Како решение за овој проблем на Куманово, тој го отвори прашањето околу отворањето и ставањето во функција на ТИРЗ зоната во Куманово.

Одговор на ова прашање даде министерот Мисајловски каде посочи дека започната е процедурата за отворање на ТИРЗ зоната во Куманово.

Ние веќе започнавме со реализација на урбанистичко планирање односно за нова Тирз Зона во Куманово. Веќе се направија потребните снимања и започна процедурата и таа веќе влезе во годишната програма. Сега треба втора фаза, да се потпише протоколот за изработка за просторно планирање. Бидејќи се работи за обемен материјал очекувам да биде готово до следната година каде што ќе може да доаѓаат инвеститори, рече министерот Мисајловски.

Второто прашање беше упатено до министерството за здравство во врска со вложувањата во здравството во Куманово бидејќи како што рече тој, Куманово на ова поле некако е маргинализирано и подзаборавено. Конкретно Ѓорѓиевски се интересираше во врска со изградбата на Ургентниот центар во Куманово и кога би се започнала истата.

Куманово е еден од фокусот на министерството за здравство за изградба на нов Ургентен центар. Во изминатава една година работевме на изработка на детален проект за градба. Излегоа некои проблеми околу проектирањето поради неусогласеноста на постојната градба со деталниот урбанистички план и поради тоа мораше да се прави комплетна промена на проектот. Тој е во завршна фаза и очекуваме да одиме со нов проект за изградба на Ургентен центар во Куманово. Неговата вредност се проценува на околу 40 милиони денари односно повеќе од тоа што првично планиравме да инвестираме, посочи Тодоров.

Последното прашање беше упатено до министерот за труд и социјала во врска со изградба на нови детски градинки или пак за проширување на веќе постоечката градинка во  центарот на Општина Куманово.

На ова прашање одговор даде министерот за труд и социјала Спасов кој посочи дека вложувањата во нови капацитети за детски градинки во Куманово и реализација на дадените ветувања.

Министерството започна конкретни активности и имаме во план отворање на две нови градинки во Куманово. Првата односно онаа која што е во понапредна фаза е дел од поранешниот пионерски дом и набрзо некаде на почетокот на следната година очекувам да започнат градежните работи за реновирање. Додека пак за втората, веќе имаме финансиски план и очекувам таа да се стави во функција до крајот на 2017 година, заврши Диме Спасов.