Пратеник на Алијансата преминал во ДУИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на една средба со албанските печалбари во САД рекол дека како коалиција сега имаат само два пратеника, бидејќи едниот преминал во ДУИ.

Алијансата за Албанците имаше три пратеника, Зијадин Села, Сурија Рушити и Весел Мемеди, по што се подразбира дека пратеникот кој отишол во ДУИ е Весел Мемеди.

„Никогаш не направив коалиција со ДУИ, но проблемот беше дека не можеше да се формира парламентарно мнозинство без нас. Ние имавме три пратеници, сега имаме две бидејќи едниот отиде во ДУИ”, рече Села.

Упати критики и за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поради тоа што, според него, тој се бори само со криминалците од македонскиот дел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.