Пратеник од опозицијата со скандалозни навреди на национална и етничка основа кон колешка од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеник од опозицијата со скандалозни навреди на национална и етничка основа кон колешка од ВМРО-ДПМНЕ. Кулминира нервозата, недоличното однесување, навреди и омаловажувања од страна на пратениците на СДСМ кон колегите пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

На денешната седница веднаш по редовната пауза, пратеникот од опозицијата Енес Ибрахим во својата реплика од собраниската говорница кон пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Нола Исмајлоска уапти скандалозни навреди на национална и етничка основа.

Ќе дојде 24-ти април за брзо. Ама вас ќе ве нема. До пред некое време бевте Турчинка, станавте торбешка, сега станавте Македонка. После 24-ти април што ќе бидете?“, заврши пратеникот од опозицијата Енес Ибрахим.

Пратеникот од опозицијата Енес Ибрахим, наместо да дискутира и дебатира по точката од дневниот ред односно за Законот за средно образование, тој најверојатно во недостаток на аргументи и факти кои ќе го поткрепат неговото излагање, со колегите пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се справува на најдрзок начин и покажува елементарна некултура и непочитување на колегите пратеници и Собранието.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, токму поради ваквото недолично однесување ја прекина седницата, даде половина час пауза и ги повика координаторите на пратеничките групи на дполнителна координација, со цел да се разговара за надминување на оваа ситуација, како и за избегнување на можни идни вакви крајно некултурни реакции на пратениците од СДСМ.

Пратеникот Ибрахим вакво нервозно излагање имаше и пред редовната пауза, кога исто така имаше излив на арогантно однесување кое резлутираше со навреди кон пратениците од владеачкото мнозинство. И во тој случај, Вељаноски упати молба до пратениците од СДСМ да престанат со навреди и ја прекина пленарната седница.