Македонија

Пратеникот Ермира Мехмети на Конференција во Луксембург

Пратеникот Ермира Мехмети на Конференција во Луксембург

Во рамките на  Луксембуршкото претседателство со Европската унија, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија,  Ермира Мехмети, ќе учествува на Конференција на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ – КОСАК, што ќе се оддржи во периодот 12-14 јули 2015 година во Кралството Луксембург.

На Конференцијата ќе се расправа за приоритетите на Луксембуршкото претседателство со Советот на Европската унија, за што ќе има обраќање премиерот на  Кралството Луксембург,  Хавиер Бетер.

Исто така, предвидено е да се одржи расправа и за можностите за унапредување на политичкиот дијалог со воведување на таканаречената „Зелена карта“.