Францускиот пратеник Воисин со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

Мишел Воисин пратеник во национално собрание во Франција над 28 години и шеф на француската делегација на парламентарно собрание на ОБСЕ на вечерашниот митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја искажа поддршката за партијата и напорите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО.

-Сакам да се заблагодарам на вашата влада за активностите кои ги спроведоа за време на миграцијата за договорот исток-запад за затворање на границата. Ние ги споделуваме истите вредности и убедување и ќе направиме сè за да влезете што побрзо во евроатланските структури. Ќе направиме сè да ги поддржиме вашите аспирации за влез во НАТО. И ние како републиканска партија ќе дадеме поддршка за вие утре и вашите деца и другите генерации да бидат дел од една Европа која ќе биде простор на мир. Дојдов овде за да им кажам на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски дека партијата на републиканците со нашиот кандидат за претседател сме тука и ќе ви дадеме поддршка за вашата кампања, истакна Воисин.