Правила за ефикасно слабеење

Доколку сакате да симнете неколку килограми никако не го прескокнувајте појадокот, бидејќи е овој оброк е најважниот во текот на денот.

Затоа е многу важно што ќе појадувате…

Ако сакате да ослабнете, следете ги овие три правила за појадок.

Појадувајте што порано

Раниот појадок ќе го разбуди метаболизмот и ќе се погрижи да не бидете гладни подоцна. За да го искористите целиот потенцијал на согорување на калориите, појадувајте веднаш после будењето.

Одберете намирници што ќе ве заситат

Тоа се оние намирници кои телото побавно ги обработува, па подолго чувствувате ситост. Изберете намирници богати со растителни влакна и протеини. И секако, прескокнете ги слатките и шеќерот.

350 калории

Обилен појадок ќе ве засити, но сепак сервирајте во помала чинија. Појадокот треба да биде околу 350 калории.