Правилна нега на косата пред миење

Пред да ја наводените косата и пред да почнете да ја миете има многу нешта што можете да ги направите за таа да биде поздрава и поубава.

Со неколку едноставни постапки вашата коса ќе биде сјајна и прекрасна. Еве што се можете да направите пред да ја измиете.

Третманот со топло масло пред миење на косата секогаш е добра идеја. Не само што косата ќе ви биде посјајна, туку ќе биде и поздрава. Промешајте два вида масла – бадемово и маслиново. Во нив можете да додадете и капсули со витамин Е за да го спречите опаѓањето. Стоплете го маслото, а со него нежно измасирајте ја косата и постепено нанесувајте го маслото се до врвовите на косата. По ова завиткајте ја косата со фолија и оставете да дејствува 20 минути.

Основно правило е никогаш да не ја миете косата со врела вода затоа што таа ќе биде груба и сува.

Освен маска од масло, пред миеето можете да нанесете и хранлива маска. Промешајте едно јаце и јогурт и смесата нанесете ја на косата. Оставете да дејствува 20 минути и потоа измијте ја косата.