Правило 10: Режим на исхрана што го менува метаболизмот

Правилото број 10 се однесува на навиката во врска со метаболизмот и системот за вареење. Со оглед на тоа што во текот на денот овој систем работи „со полна пареа“ во текот на ноќта му е неопходен одмор, а за таа цел добро ќе ви дојде и ова правило…

Стручниот магазин Cell Metabolism што е посветен на промените во метаболизмот дошол до занимливи заклучоци за слабеењето.

Имено, студиите спроведени на голем број мажи и жени на возраст од 20 до 50 години покажале дека за одржување на телесната тежина, но и за симнување на килограмите насобрани во текот на есента и зимата потребно е во секојдневната рутина да вметнете само еден магичен број.

Станува збор за бројот 10 што би требало да го поврзете со вашите дневни навики и тој да ви стане дел од секојдневната рутина. Правилото на бројот 10 е едноставно, а објаснува колку треба да има растојание помеѓу првиот и последниот оброк во денот. Оваа навика е поврзана за метаболизмот и системот за варење што во текот на денот работат со полна пареа, а во текот на ноќта треба да одмараат.

Ако појадувате на пример во 8 часот, вашиот последен оброк во денот би требало да биде  часа подоцна, односно помеѓу 18 и 19 часот би требало да престанете да јадете.

За време на истражувањето биле следени секојдневните навики во исхраната на испитаниците, а според резултатите, повеќе од две третини од нив јадат во текот на 15 часа, односно се додека се будни. Истата група за потребите на истражувањата во исхраната го вметнала правилото од 10 часа во период од три недели и тоа без никакви промени во менито.

Резултатите биле и повеќе од задоволителни затоа што по 21 ден испитаниците:

  • во просек ослабеле по три килограми;
  • имале повеќе енергија;
  • нивото на шеќери во крвта било беспрекорно, а се пофалиле и дека подобро спијат.

Ако сакате да го пробате правилото број 10, почнете уште од утре. Наутро задолжително појадувајте и 10 часа подоцна денот завршете го со вкусна и здрава вечера. Потоа не јадете ништо, а ако почувствувате глад и слабост испијте една чаша вода или незасладен чај од камилица или нане.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.