Правна и политичка разрешница за „Пуч“, нема шанси за амнестија

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој воедно во јануари годинава беше реизбран за прв Потпретседател на моноторинг комитетот во Советот на Европа по вчерашните преговори со опозициската СДСМ во Брисел се огласи со статус на својот Фејсбук профил. Тој во статусот уште еднаш го повторува ставот на владејачката партија, односно потребата од правна и политичка разрешница за наметнатата политичка криза во земјава. Николоски вели дека со овој став децидно кажуваат дека нема шанси за амнестија.

Наспроти тоа, го критикува засега децидниот став на опозицијата дека за случајот „Пуч“ може да има само политика разрешница и додава дека овој став од старт ги покажува нивните намери.

aleksandar

Втората рунда преговори на опозицијата и власта во Брисел завршија без конкретни договори, но медијаторите најавија дека разговорите нема да завршат, туку дека следуваат нови преговори.