Правни совети за граѓаните од настраданите подрачја

Во текот на следната недела граѓаните од поплавените подрачја ќе може да добијат правни совети  во насока на закрепнувањето од последиците од природната непогода.

Како што информираат од Општината Гази Баба, на 29.08.2016(понеделник), 31.08.2016(среда) и 02.09.2016(петок) од 10.00 до 13.00 чсот во МЗ Стајковци и од 13.00 до 14.00 часот во МЗ Ченто ќе се одржат средби со граѓани од страна на овластеното здружение за обезбедување на претходна правна помош, Македонско здружение на млади правници – МЗМП Скопје, чија правна помош треба да им олесни на граѓаните во закрепнувањето од последиците од природната непогода.

Помошта вклучува информации и совети за постапката за надомест на штета предвидена со Законот за заштита и спасување на лицата од засегнатите места кои што претрпеле штета од поплавите.

Сите заинтересирани лица од настраданите подрачја во Гази Баба можат да се обратат во наведените термини во просториите на МЗ Ченто и МЗ Стајковци.