петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Правнукот на Ченто му одговори на Ванхауте, еве што му порача

По упатените навреди кон македонскиот народ и историјата, правнукот на македонскиот национален борец, Методија Андонов - Ченто, Јане Ченто, преку социјалните мрежи му одговори на белгискиот посредувач Питер Ванхауте.

cento

Последни вести

По упатените навреди кон македонскиот народ и историјата, правнукот на македонскиот национален борец, Методија Андонов – Ченто, Јане Ченто, преку социјалните мрежи му одговори на белгискиот посредувач Питер Ванхауте.

Ванхауте денес настапи со нов твит во кој не само што го навреди целото партиско членство на ВМРО-ДПМНЕ, туку си поигра и со чувствата на севкупното македонско општество, историјата, наследството на македонскиот народ.

Планирам да напишам водичи за туристи, ќе почнам со Скопје; Размислувајќи како турист, гладен за историја. Каде е Музејот на ВМРО, не е во мојот водич, напиша Ванхауте.

tviter-vanhaute

По ваквиот твит на Белгиецот, следеше одговор од правнукот на Методија Андонов- Ченто, Јане Ченто, кој му порача на Ванхауте дека поминало времето кога типови како него и Светозар Вукмановиќ – Темпо одлучувале за македонските работи.

jane-cento-fb

Го гледам Ван Хојте или Хауте како и да е, не знаел да го најде музејот на Македонсата револуционера борба. Еве јас лично ќе го одведам, и не само во музејот на ВМРО, туку и во посета на споменикот на мојот прадедо Ченто, па потоа ќе го запознаам со делото на Чуповски, Шатев, Апостолски, Брашнаров, Делчев, Карев…… Сите овие и многу други како нив, херои и историски гиганти се бореле за суверена и независна Македонија, за држава која самостојно и слободно ќе носи одлуки, затоа што оваа држава е на НАРОДОТ што живее во нејзе, за да не можат типови како Ван Хојте и други како него да управуваат со волјата на народот кој има своја држава, свој идентитет и своја слобода да одлучува. Помина времето кога типови како Темпо и Ван Хојте одлучуваат за македонските работи…

Со почит , Јане Ченто правнук на Методија Андонов Ченто.

Најчитани вести