вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 57

Право на итна здравствена заштита во странство со потврда од ФЗОМ

lekari

Последни вести

Сите осигурени лица за време на годишниот одмор можат да го остварат своето право на итна и неопходна здравствена заштита со двојазичен образец надвор од територијата на Република Македонија. Како што информира Фондот за здравствено осигурување ова право можат да го користат во Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција, Италија, Словачка и Албанија.

Под итна и неопходни здравствена заштита се подразбира користење здравствени услуги чие пружање не може да се одложи до планираното враќање во Република Македонија.

За таа цел пред патувањето во странство осигурените лица на ФЗОМ треба да се обратат во подрачната служба на ФЗОМ каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување, и да пополнат Барање (ПП1) за издавања двојазичен образец за остварување право на здравствено осигурување за време на привремен престој (приватно или службено патување, студиски престој, школување, стручно усовршување, престој во врска со меѓународна – техничка, научна и културна соработка и слично) во една од наведените држави.

Кон Барањето се приложува потврда за здравствената состојба, издадена од избраниот лекар (општ и гинеколог за жени) и наод, оценка и мислење на лекарската комисија на ФЗОМ.

Двојазичниот образец на осигурените лица на ФЗОМ им служи како привремена здравствена легитимација во државата каде што патуваат и на основа на тоа осигурените лица на ФЗОМ се изедначени, во однос на правата и обврските, со осигурените лица на државата во која престојуваат. Тоа значи дека на основа на двојазичниот образец осигурените лица на ФЗОМ ќе можат да користат итни и неопходни здравствени услуги и за нив ќе треба да платат само лично учество (партиципација), болнички ден или слично, доколку во законските прописи на земјата во која се престојува е предвидено тоа. Во спротивно осигурените лица на ФЗОМ не подлежат на никакви трошоци за користените итни здравствени услуги.

Најчитани вести