Православниот и католички Велигден на ист ден, Рамазан во мај- ова се неработни денови за 2017 година

Согласно Законот за празници на Република Македонија ова се неработните денови во следната 2017 година:

За сите граѓани на РМ

  • 1 Јануари (недела), Нова Година, односно 2 јануари (понеделник) е неработен ден
  • 7 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
  • 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 1 Мај (понеделник), Ден на Трудот
  • 24 Мај (среда), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
  • 27 мај (сабота), првиот ден на Рамазан Бајрам
  • 2 Август (среда), Ден на Републиката
  • 8 Септември (петок), Ден на независноста
  • 11 Октомври (среда), Ден на народното востание
  • 23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба
  • 8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски”

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик
  • 19 Јануари (четврток), Богојавление (Водици)
  • 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
  • 1 јуни (четврток), Духовден, петок пред Духовден
  • 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
  • 1 Ноември (среда), Празникот на сите светци
  • 25 Декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

  • 2 септември (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 Ноември (среда), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 Јануари (петок), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 Април (сабота), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  • 23 Мај (вторник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 Септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 Декември (четврток), Ден на настава на турски јазик

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.