Православните верници го празнуваат празникот Водокрст – Еднодневен пост

Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.

Некои овој празник го нарекуваат Водокрштение или Водопост. Овој празник е празнува на 18 ти јануари. Водокрст доаѓа од крштевањето односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост.

Рано наутро на знакот од камбаната сите кумови одат во црквата. Секој со себе носи котле со вода и во него се става крстот што му припаѓа на тоа друштво. Откако попот ќе ги провери сите крстови дали се правилно врзани со босилекот, (треба да има толку гранчиња колку што има куќи компанијата) ги пее сите крстови заедно, и со тоа ја осветува (крштева) водата.

Со овој чин, оваа вода добива профилактична моќ, со неа во текот на денот се прска низ куќата, шталата, и другите простории и има цел да ги избрка сите лошотии.

Утре православните верници ќе го празнуваат големиот христијански празник Богојавление – Водици.