Правосудниот испит ќе се полага електронски

Министерството за правда ги известува сите кандидати дека правосудниот испит во декемвриската сесија ќе се полага во електронска форма.

Овој систем на полагање започнува да се применува согласно новиот Закон за правосудство кој стапи на сила во октомври 2013.

За да се спроведе полагањето на правосудниот испит во електронска форма, преку комисиите одредени за предметите кои кандидатите треба да ги полагаат, се подготвени прашања од страна на Академијата за судии и јавни обвинители од програмата подготвена во рамките на Министерството за правда.

Министерот за правда Аднан Јашари денеска го посети Центарот за правосудни испити каде се запозна со начинот и условите за електронското полагање.

Како што соопшти Министерството за правда, за време на посетата Јашари изјави дека овој начин на полагање на испитот ќе биде поефикасен и истовремено усогласен со современите стандарди.

Испитот ќе се реализира во просториите на Центарот за правосудниот испит АССЕЦО на ул. „Христо Смирнески“, бр. 30.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.