понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 41

Празен политички памфлет наместо отчет: Јанева избегнува одговори пред јавноста

Скандалозно е што Катица Јанева признава дека си ги преслушувала сите приватни разговори на граѓаните

janeva-sjo

Последни вести

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева избегна да даде вистински отчет како одговор што и го должи на јавноста. Наместо отчет таа достави обичен политички памфлет, пишува Курир.

Каде исчезнаа 500.000 разговори кои Заев изјави дека ги предал во СЈО?

Лидерот на СДСМ рече дека до СЈО предал над еден милион незаконски прибавени разговори, а во извештајот на Јанева се наведени само 540.646 аудио фајлови и околу 120.000 транскрипти од разговори и аудио фајлови за кои Јанева не кажува дали се практично транскрипти од фајловите на дискот. Јанева не даде одговор каде исчезнаа останатите 500.000 разговори кои недостасуваат за да се дојде до бројката за која Заев изјави дека ја предал.

Во извештајот Јанева информира и за прислушуваниот материјал доставен од СДСМ ­ хард диск и шест кутии со транскрипти во печатена форма.

-На екстерниот хард диск се содржани вкупно 546. 948 фајлови од кои 540.646 се аудио фајлови и 6.302 фајлови се со различен формат. Во печатена форма доставени се вкупо 23 спирално укоричени книги со вкупно 18.155 страници, на кои се содржани вкупно 119.088 транскрипти од разговори и СМС пораки. Доставени се и вкупно 1.828листови со испечатен текст кои не беа нумерирани, стои во него.

dikovi-zaevv

Скандалозно е што Катица Јанева признава дека си ги преслушувала сите приватни разговори на граѓаните. Дополнително, додава дека таа лично ќе одлучела што е приватно, а што ќе се употребува понатаму. Таа го прави ова и покрај тоа што Судот оцени дека незаконски стекнатите материјали не може да бидат земени како доказ.

-Во следниот шестмесечен период во фокусот на работата ќе бидат отворените предистражни постапки, отворените истраги, како и преслушувањето на материјалите, при што ќе бидат издвоени приватните разговори, а акцент ќе биде ставен на детектирање на можни криминални активности,имајќи ги предвид законските одредби и јавниот интерес на Република Македонија, пишува Јанева.

Нетранспарентност

Финансискиот дел од извештајот е целосно нетранспарентен. Самата напоменува дека нема податоци за трошењето на финансиски средства по ставки и намени. Јанева и СЈО за 4 месеци потрошиле околу 355.000 евра, што значи дека еден ден на Јанева и нејзиниот тим, граѓаните ги чини 3000 евра.

-До моментот на изготвувањето на овој извештај, од одобрените средства за 2016 година потрошени се 8.282.240,00 денари. Појаснувам дека во извештајот не се содржани податоци за трошењето на финансиските средства во 2016 година по ставки и намени, бидејќи фактички финансискиот план се реализира од почетокот на месец февруари 2016 година, па најголемиот дел од плаќањата сеуште  не се реализирани, пишува Јанева.

Зошто ги избрка двете обвинителки?

Јанева никаде не одговара зошто ги избркала двете обвинителки. Таа само кажува дека ангажирала експерти, но ги крие од јавноста.

eksperti-janeva

Јанева не спомнува ништо околу становите за кои медиумите многу пишуваа. Не кажува ништо ниту околу барањето за концесија на државно земјиште и дали дала лажна изјава.

Јанева се фали дека одговорила на голем број на новинарски прашања, но сите прашања кои КУРИР ги испрати до неа, останаа неодговорени.

Катица Јанева, во свој стил, повторно ги девалвира сите останати, вклучувајќи го Собранието и Советот на обвинители кои треба да го разгледуваат извештајот, со укажување дека нејзиниот извештај наметнувал стандард на сите институции од правосудството за јавно и транспарентно однесување.

Најчитани вести