Празничен ручек: Свинско со ананас и новогодишна торта

За денешниот ручек ви предлагаме вкусно свинско со ананас и новогодишна торта.

Потребно:

1 кг свинска кременадла

500 гр зелка

1 конзерва ананас

4 главици кромид

2 коцки за супа

1 инстант коцка за сос за печење

масло за јадење

сол и црн пипер

Потребно:

На даската за сечење зелката ситно ја сечкаме. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло ја ставаме исечканата зелка да се пржи. Посолуваме. Една главица кромид ситно ја сечкаме. Исежканиот кромид го додаваме во тавата со зелка. Во тенџере налеваме вода. Го ставаме тенџерето на оган. Во тенџерето ги додаваме коцките да се вари супа. Во уште едно тенџере налеваме вода. И ова тенџере го ставаме на оган. Во водата ја додаваме инстант коцката за сос за печење. Ананасот го сечкаме на коцки. Зелката ја мешаме за време на пржењето. По потреба додаваме уште масло за јадење. Откако зелката ќе омекне во тавата го додаваме сечканиот ананас. Зачинуваме со мелен црн пипер. Со црпалка во тавата додаваме од супата од коцка. Месото го посолуваме од сите страни. Со нож го засекуваме месото на неколку места. Во тавата за печење ставаме масло за јадење. Го ставаме месото во тавата. Главиците кромид ги сечкаме на покрупни парчиња. Парчињата кромид ги додаваме во тавата. Месото го попрскуваме со масло за јадење. Потоа со црпалка месото го преливаме со инстант преливот за печење. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 90 минути на температура од 220 степени.

На оган ставаме тава за пржење. Во неа додаваме масло да се загрее. Во тавата ги додаваме преостанатите парчиња ананас. Зелката со ананас во другата тава ја промешуваме. Го исклучуваме огнот.

Ја вадиме тавата од рерна. Го вадиме месото од тавата. Со нож ги досекуваме претходно засечените кременадли. Коската ја кршиме со сатар. Кременадлите скалесто ги редиме од едната страна на чинијата за сервирање. На другата страна на чинијата ја сервираме испржената зелка со ананас. Врз кременадлите ги ставаме парчињата испржен ананас. Месото го преливаме со сосот во кој се подготвуваше. Декорираме со една засечена ротквичка и гранчиња француски магдонос.

А по повод денешниот ден, подгответе вкусна новогодишна торта.

Потребно:

2 готови ролати (365 гр)

1 л млеко

4 пудинга од ванила

200 гр маргарин

100 гр кокос

100 гр рендана чоколада

300 гр бисквити

3 банани

3 кеси шлаг

Подготовка:

Готовите ролати исечете ги на парчиња со дебелина од еден цм. Сварете го пудингот во млеко и додадете шеќер по вкус. Во ладниот пудинг ставете го маргаринот и додајте кокос и чоколада. Сето тоа убаво измиксирајте го. Потоа на една подлога редете од ролатот, па филот, па одозгора бисквити натопени во млеко, банани, фил, ролат, и на крајот украсете со шлаг. За декорација употребете ја имагинацијата. Нека ве инспирира новогодишната енергија која веќе ја има во нашите домови.