Празничен сообраќаен режим во Скопје, Крушево и Пелинце

Поради одбележувањата на националниот празник Илинден, в сабота во Крушево, Пелинце и во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим, извести МВР.

Во Крушево посебен сообраќаен режим ќе биде воспоставен од утре – од попладнето посебен режим ќе има за улиците во Крушево, а в сабота, покрај нив, ќе биде опфатена и територијата околу Мечкин Камен.

Што се однесува до приодот кон Пелинце, после 10 часот в сабота ќе има целосна забрана за сообраќај на моторни возила на регионалниот пат Р-1202 од клучката на магистралниот пат А2 и регионалниот пат Р-1202 или поточно од Св.Петка до с.Пелинце.

Во Скопје во периодот од 9.30 до 10.30 часот ќе бидат затворени за сообраќај улиците „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“. Сообраќајот ќе биде пренасочуван на следните крстосници: таа на улиците „Филип Втори Македонски“ и „Кеј 13 Ноември“; потоа крстосница булевар „Кочо Рацин“ со улица “11 Октомври“; крстосница улица „Васил Главинов“ со улица „Максим Горки“, и крстосница на улица „Димитрија Чуповски“ со улица „Даме Груев“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.