Балкан

Празнични совети, повеќе разговарајте помалку ќе јадете

Празнични совети, повеќе разговарајте помалку ќе јадете

Институтот за кардиоваскуларни болести на Војводина ги советуваше денеска граѓаните на Србија дека во текот на претстојните празници треба да го чуваат своето срце, да бидат умерени со храната и пијалоците и да не ги запоставуваат физичките активност.

Во Србија, стапката на смртност од кардиоваскуларни болести од година в година е во пораст. Околу 50 отсто од сите смртни случаеви се последица на овие заболувања, се наведува во соопштението на Институтот.

Институтот наведе десет совети за новогодишните празници. Лекарите советуваат, луѓето да се мерат и ако добијат повеќе од еден килограм, можно е да имаат проблеми со задржување на водата.

„Бидете умерени во начинот на исхрана, јадете повеќе нискокалорични производи, вежбајте, дружете се, разговарајте повеќе, бидејќи помалку ќе јадете, не запоставувајте ги симптомите, посетете го својот лекар ако не се чувствувате добро, ограничете го пиењето на алкохол,“ се наведува во соопштението на Институтот.