Утревечер празнично Бинго бум и Топ 5 во „Време на среќа“

И годинава на задоволство на своите играчи, Државна лотарија на Македонија подготвува специјални новогодишни кола на игрите на среќа Бинго бум и Топ 5. Емисијата „Време за среќа“ ќе се емитува во понеделник на 30-ти декември на МРТ1. За заокружување на годината која изминува, Државна лотарија на Македонија покрај специјалните празнични кола на Бинго бум и Топ 5, во понеделник ја нуди и последната за оваа година Бинго Бум вечер во ресторанот Бела. Пријавувањето е во тек.

Интересно е што на големиот екран во ресторанот Бела, пред почетокот на емисијата „Време за среќа“ во која се извлекуваат добитните бројчиња од Топ5 и Бинго Бум, ќе може да се следи и преносот од првото извлекување на наградите од наградната игра „Фискална во рака-добивки без мака“. Пa, ако до 29-ти декември успевте го пратите својот коверт со 20 те фискални сметки и учествувате во наградната игра и доколку на време резервирате во ресторанот Бела и учествувате во 8мото коло Бинго Бум можеби ќе имате двојна причина за прослава.

Имено ова празнично Бинго Бум коло покрај задоволството да се ужива во оваа семејна игра на среќа, ќе понуди и бројни можности за интересни добивки, а меѓу нив се и гарантираната добивка за Бинго до 90тиот број – 600.000 денари.

Во емисијата Време за среќа во понеделник 30.12.13 на МТВ1, ќе може да се проследи и празничното коло од најновата игра на среќа на Државна лотарија на Македонија-Топ 5, кое пак токму за поубаво празнично уживање нуди гарантирана добивка за петка од еден милион денари.