Македонија

Празникот Успение на Пресвета Богородица ќе се одбележи во манастирот во Матка

Празникот Успение на Пресвета Богородица ќе се одбележи во манастирот во Матка

Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица во среда, на 27 – ми август во манастирот во Матка ќе се одржи вечерна богослужба, Духовна академија и полноќно бдеење.

На самиот ден на Голема Богородица, во утринските часови во манастирот ќе се одржи Света божествена литургија.

Ова е трета година по ред како во овој манастир се одржува Духовна академија, а за оваа година е предвидено црковно пеење и читање псалми.

Целиот настан ќе биде збогатен и со културно-забавна програма, а ќе се спроведе и крводарителска акција.