Пречек на милионитиот патник на аеродромот во Скопје

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје за денеска е најавен пречек на милионитиот патник.

На организираниот пречек на скопскиот аеродром е најавено присуство на вицепремиерот  за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Аеродромот „Александар Велики“ беше модернизиран во септември 2011 година со инвестиција од околу 100 милиони евра на концесионерот турски ТАВ.