Пречекан првиот Македонец кој се искачи на хималајскиот врв К2

Претставници од Агенцијата за млади и спорти Федерацијата на планинарски спортови, денеска на Аеродромот „Александар Велики” во Скопје, го пречекаа нашиот планинар Здравко Дејановиќ кој го освои еден од најтешките врвови на планетата, врвот К2.

Здравко Дејановиќ во мај 2010 година се искачи на Монт Еверест, но ова година на 27-ми јули го искачи потешкиот врв кон највисоката планина на светот.

Со овој подвиг се стекна со титула прв планинар од Македонија што го освои овој врв и со тоа постигна најголем дострел во високогорството во Македонија.

Хималајскиот врв К2 е со височина 8,611 метри и е втор по височина врв на планетава. Се наоѓа во Пакистан и е еден од најризичните и најпопасните врвови за искачување во светот, токму поради тешката конфигурација на теренот и со конфигурација на смеровите кои се со стрмност во просек од 70 степени со снежни и ледени лавини.

Од првото искачување 1956 година па до денес,врвот е искачен од3 00 планинари што по Анапурна 1, го прави втор најмалку искачуван врв во светот.