Пречистителната станица за вода во Свети Николе – готова за еден месец

Во општина Свети Николе во тек е модернизација на пречистетелната станица, преку која жителите се снабдуваат со вода за пиење. Градоначалникот Зоран Тасев на денешната прес-конференција, истакна дека проектот се реализира со помош на швајцарската Влада преку проектот за Управување со речниот слив на реката Брегалница.

-Швајцарската агенција СЕКО донира 2.500.000 денари без ДДВ, ние учествуваме со 1.000.781 денар исто така без ДДВ. Ова е голема сума пари кои што ќе се вложат во комплетната модернизација. Комплетно ќе биде заменет системот за вентили од механички со електронски. Но, најзначајното нешто е употребата на озонот во водата за прочистување, како во суровата, така и во другата вода, со тоа што многу квалитено ќе се придонесе за повисок квалитет на вода и да имаме посигурна и побезбедна вода во самата општина Свети Николе, истакна Тасев.

Новата модернизирана пречистителна станица се очекува да биде пуштена за еден месец, со што граѓаните на Свети Николе ќе добијат современа фабрика за вода, но и квалитетна вода за пиење низ водоводниот систем.