Пред да падне „кингерот“, осуммина биле мртви

Неофицијално, втората истрага за авионската несреќа која во февруари 2004 година загина претседателот Борис Трајковски, покажала дека осуммина кои биле во авионот починале од експлозијата – од изгореници, како последица на јак оган, и од задушување, пишува Вест.

Еден од двајцата задолжени за обезбедување на Трајковски, по експлозијата излетал од „кингерот“ и починал од падот и од скршеници.

Омер Кулиќ, претседателот на меѓународната комисија која две години расветлуваше што се случувало пред, за време и непосредно по кобниот лет, вчера им го предаде нацрт-извештајот на македонските претставници, а во јавноста тој ќе биде презентиран за 20 дена.