Пред да се скрасите кај некоја, еве со кои типови жени треба да бидете

Алфа жена

Има повеќе искуство од вас, можеби е постара но дефинитвно е помудра. Не се работи за девојка која оди на забави со пријателки и излегува со мажи по барови. Овој тип на жена точно знае што сака и како тоа да го добие. Но, со неа можат да бидат само мажи кои имаат доволно самодоверба и не се сомневаат во својата машкост. Ако сакате врска со таква жена, треба да се прилагодите на неа.

Успешна, но скромна

Таа е друштвена и омилена, знае да се однесува во секоја ситуација. Со неа сте опуштен и знаете дека никогаш нема да направи сцена и дека секогаш ќе се прилагоди на новонастанатата ситуација. Овој тип на жена е „материјал“ за долга врска, не очекувајте ништо за една ноќ.

Секси и недостижна

Телото и е преубаво бидејќи танцува, а често може да се сретне и на забави. Но од неа не очекувајте долга врска, туку само незаборавна забава.

Откачена

Жените од овој тип обично сакаат уметност,работат со деца и имаат поразличен ритам од останатите. Имаат необични идеи и се вистинско разладување за жешки летни денови. Непредвидливи  се и може се да ви понуди. Но проблемот е што ако не сте како неа,од нејзината откаченост ќе ви дојде преку глава.

Грешка

Тоа може да биде вашата шефица, девојка на вашиот најдобар пријател или мажена жена. И да се случи само еднаш, веројатно долго ќе ве прогонува. Вообичаено станува збор за кратки и страствени афери по што се чувствувате лошо. И затоа се големи грешки на кои ретко кој може да оддолее.