Пред Велигден, Убавка од Кочани доби автомобил од Државна лотарија

Предпразнично, инстант лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА и подари автомобил VW PASSAT на уште една дама, редовен играч на игрите на среќа.

Убавка од Кочани е редовен играч на сите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија и редовен трагач по среќата. Секојдневно купува најразлични   инстант лозови, покрај редовната уплата на НовоЛото. Токму инстант лотаријата и ја донесе најголемата премија од СРЕЌНИ ТРКАЛА автомобил VW PASSAT , кој ќе го подари  на своите деца.

Покрај Пасатот, Убавка доби и дополнителен сет зимски гуми од МОТО ЦЕНТАР , кој е верен соработник на Државна лотарија на Македонија за инстант лозот СРЕКНИ ТРКАЛА.

Само за потсетување овој најнов инстант лоз на Државна лотарија на Македонија, беше пуштен во продажба на 24.10.2015 година и чини само 50 денари . Главната премија се седум автомобили VW PASSAT , a во себе крие и уште вредни парични добивки .