Македонија

Предаден во употреба енергетско- ефикaсниот систем во Илинден

Предаден во употреба енергетско- ефикaсниот систем во Илинден

Во соработка со Владата, преку Министерството за финансии, а со поддршка на Меѓународната банка за обнова и развој- Светска банка општина Илинден го реализираше проектот „Енергетска ефикасност во јавните општински установи“.

Енергетско ефикасниот систем за греење и ладење, денеска во употреба го предадоа министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски.

11500132667609

Проектот кој се реализираше со два договора за под-заем во вкупна вредност од 26 милиони денари, опфаќа вградување на енергетско-ефикасни системи за греење и ладење во Основното училиште „Гоце Делчев“, Детската градинка, Домот на култура „Илинден“, на вкупна површина од 7.000 метри квадратни.

Целта е со овој проект да се подобрат условите за работа во областите на образованието, згрижување на децата од предучилишна возраст и културата, односно во училиштата, детската градинка и Домот на Култура.

Со примена на овие енергетски-ефикасни системи за греење и ладење со алтернативни извори на енергија, со користење на топлински пумпи и искористување на топлината на подземните води, покрај заштедата на финансиски средства во Буџетот на општина Илинден, се овозможува подобрување на условите во образованието и образовниот процес, квалитетни услови за детска заштита согласно европските стандарди, создавање на услови за развој на културата и културното живеење во општината, како и заштита на животната средина.

22500132667610

Општината Илинден согласно својата стратегија за Енергетска ефикасност, дополнително со средства од Буџетот на општината, инвестираше во изградба на нов високо енергетско-ефикасен објект за Средно општинско стручно училиште- Илинден, со иновативен пристап и воведени нови технологии и еколошки материјали, греење и ладење со искористување на топлинската енергија од подземните води.

Оваа општина ја следи Стратегијата за одржлив развој на Владата на Република Македонија и со имплементација на проектот „Енергетска ефикасност во Јавните општински установи“, придонесува во создавањето на услови за одржлив локален, економски и социјален развој, како и квалитетен живот на целокупната локална заедница.

33500132667611

1500Sequence-04.00 00 31 24