Предаден во употреба на нов стопански субјект во Општина Илинден

Интензивните инвестиции и вложувања во локалниот економски развој, како и промовирањето на потенцијалните можности за инвестирање во Општина Илинден, даваат позитивен импулс за влез на нови инвеститори и отворање на нови слободни работни места.

<

Во локалната економска зона Илинден, во присуство на градоначалникот Жика Стојановски, на свечен начин беше предаден во употреба нов објект на компанијата „Мултишпед“. Новиот царински склад на оваа компанија која што се занимава со транспорт и логистика и нуди дистрибиција на разни стоки и услуги се простира на површина од 1.000 метри квадратни.

Multisped otvoranje 1

Вкупната инвестиција на компанијата е 500.000 евра, со што се овозможуваат 15 стартни вработувања, кои ќе се зголемуваат во наредниот период.

Со отворањето на новиот стопански објект на „Мултишпед“ продолжува инвестицискиот циклус во општината, а бизнис семејството на Општина Илинден е побогато за уште еден член.