Предавања на студентите по архитектура за ГТЦ

Во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, денеска во 18 часот студентите од Архитектонскиот факултет во Скопје ќе одржат прошетка и предавање низ ГТЦ, која ќе почне на платото во ГТЦ од страната на Жена Парк.

Преку прошетка и демонстрација на автентични фотографии и други материјали, студентите ќе го доловат духот и значењето на ГТЦ, додека, пак, преку интерактивна презентација ќе ја аргументираат важноста од зачувување на автентичноста на неговиот изглед.

Граѓаните на општина Центар ќе имаат можност да гласаат на референдумот кој е закажан на 26 април и да одговорат на прашањето: „Дали сте за зачувување на автентичниот изглед на фасадата на ГТЦ?“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.