Предавање за противпожарна заштита за вработените во ООУ „Александар Македонски“

Во ООУ „Александар Македонски“ се одржа стручно предавање на тема: Противпожарна заштита, евакуација и спасување на загрозени лица.

Предавањето на кое присуствуваа голем број наставници и другите служби од училиштето, го одржа Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, а покрај теоретскиот дел, се изведе и практична активност, односно гаснење на запалена плинска боца со противпожарен апарат.