Предизборен гаф на Дејвид Камерон

Британскиот конзервативен премиер Дејвид Камерон, кој се надева на реизбор следната година, се обиде да привлече гласачи со предизборниот плакат кој го прикажува патот кој Британците би требало да ги одведе во подобра иднина.

Проблемот е во тоа што  патот е германски, пишуваат британски и германски медиуми.

Плакатот со порака „Да останеме на патот кон посилна економија“ го покажува патот во средина на поле кое излегува од британското знаме. Целта е да се прикаже патот по кој Ториевците сакаат да одат, ако бидат избрани на изборите на 7 мај.

Сепак, како што пишува „Ди Велт“, штета што медиумските стратези на Камерон на плакатот ставиле фотографија од околината на Вајмар, која во 2008 година ја сликал германскиот фотограф, Александер Бурзик.

Зарем германски пат треба да го прикажува британскиот пат кон посилна економија, прашува Индепендент.

– Тоа е британска слика и британски пат, тврди министерот за финансии, Џорџ Озборн. Германскиот фотограф, сепак, го тврди спротивното.