Предизборен молк во Србија

Точно на полноќ започна предизборниот молк пред вонредните парламентарни избори во Србија, а ќе трае се’ до затворање на гласачките места, односно до 16-ти март во 20 часот.

Тоа значи дека партиите не смеат да водат кампања преку средствата за јавно информирање, не смеат да одржуваат јавни собири и објавување на проценките од изборните резултати, да им испраќаат пораки на гласачите и да поставуваат пропаганден материјал на оддалеченост помала од 50 метри од гласачките места.

Од четврток на полноќ ќе биде забрането електронските медиуми на било кој начин да ги пропагираат изборните листи, кандидати или партии кои учествуваат на изборите, да изнесуваат проценки на резултатите од изборите, а доколку тоа не се почитуваат, законот предвидува казни.