Анализи

Предизвиците на десетте години по прогласувањето на косовската независност

Предизвиците на десетте години по прогласувањето на косовската независност

Косово во саботата прославува десет години од својата еднострано прогласената независност од Србија со поддршка на западните сили, кој албанското мнозинство го прави гордо, додека Белград одбива да ја признае сувереноста на својата поранешна јужна покраина,

Од пред неколку дена главниот град Приштина е накитена со сино-жолтите знамиња, иако косовското албанско население не го смета за свое и го нарекува „пешкир“ и насекаде е доминира албанското национално знаме, во пресрет на дводневните свечености коишто ќе кулминираат со концертот на светската поп ѕвезда Рита Ора, којашто има косовско потекло. Нејзиното семејство го напуштило Косово во 1991 година, додеа Ора уште била бебе, како што велат, поради репресијата на Србија над оваа мнозинска албанска нејзина тогашна јужна покраина Косово и Метохија, на којашто тогашниот српски челник Слободан Милошевиќ ѝ ја укина автономијата.

Во 1998 година избувна судирот меѓу српските безбедносни сили и герилската Ослободителна војска на косово (ОБК – UCK). Во тој судир според официјалните податоци загинале 13.000 лица, повеќето на албанската страна, а беше завршен по 11-неделното бомбардирање на НАТО под водство на САД за да се принуди Србија да ги повлече војската и полицијата. По повлекувањето на српските сили и мировниот договор од Куманово, на Косово е воспоставена мисија на ОН, распоредени се сили на НАТО, а воспоставена е и американска воена база. Косовскиот парламент, со поддршка на САД и главните земји од ЕУ ја прогласи независноста на Косово на 17-ти февруари 2008 година, која Србија до денес не ја признава.

„Тоа беше најсреќниот момент за нас како народ“, изјави во петокот, во пресрет на свеченоста на одбележување на годишнината, косовскиот претседател Хашим Тачи.

 

Неизвесна нормализација

Албанските ученици во петокот ги започнаа часовите со предавања посветени на годишнината на неизвесноста, но тоа не е случај со 120.000 српски ученици кои се дела од сосема одвоениот образовен систем за српското малцинство која и натаму е поврзано со Белград. Двете заедници ретко се дружат и преплетуваат, а најточен пример е ситуацијата во Косовска Митровица, каде што Србите живеат северно од реката Ибар, а Албанците јужно од Ибар

Иако досега Косово како држава го признаа 115 земји во светот, од кои 59 отсто од членки на ОН, Србија одбива да го стори тоа, а настојува да издејствува повлекувања на признавањата од некои држави. Косово не го признаваат, меѓутоа, 80 земји меѓу кои и Русија, Кина, Индија, Индонезија, Бразил и пет членки на ЕУ, меѓу кои се и Шпанија и Грција.

Европската унија нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина го постави како предуслов за приближување на двете земји кон европските интеграции. Меѓутоа, овој дијалог започнат во 2011 година, речиси е замрен веќе две години.

„Србија нема да го признае Косово и особено нема да ја признае независноста на Косово за да стане членка на ЕУ“, порача оваа седмица министерот за одбрана Александар Вулин. Српскиот претседател Александар Вучиќ е неодреден по тоа прашање и порача дека е неопходен компромис со кој ќе бидат задоволни двете страни, додека косовскиот челник Хаши Тачи се надева на договор меѓу Белград и Приштина уште оваа година.

Наведувајќи го крајот 2019 година како временска рамка за постигнување правно обврзувачки договор, шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, тврди дека е „реалистично оптимистична“. Двете страни постигнаа договор за некои прашања, како што е слободното движење, но дијалогот под патронат на Брисел, сепак, е замрен.

Некои белградски функционери предлагаат прекројување на границите на Косово по етничките линии, но западните земји се противат на ваквото сценарио, загрижени од опасноста на отворањето на „Пандорината кутија“ во регионот во кој меѓуетничките тензии и натаму се присутни. „Косово е недделиво“, рече неодамна Хашим Тачи.

 

Предизвици: иселувањето, невработеноста, тешката економска состојба

Американскиот претседател Доналд Трамп му упати охрабрувачка порака на Косово и честитка на „големите чекори во јакнењето на сувереноста и мултиетничката демаркација“. „Има уште работа којашто треба да се одработи, но ги поздравувам вашиот напредок“, порача Трамп.

Односите меѓу Косово и Западот на моменти се и затегнати, особено поради најавените први обвиненија на меѓународниот суд за воени злосторства против поранешните припадници на ОВК.

Втор голем предизвик за Косово е тешката состојба во тамошната економија. Невработеноста изнесува една третина на работоспособното население, а меѓу младите изнесува дури 50 отсто., додека последните десет години повеќе илјади луѓе го напуштиле Косово во потрага по егзистенција. Косово со 1,8 милиони жители е еден од најсиромашните региони во Европа. Голем број на косоварите преживуваат од помошта од членови на нивното семејство кои работат во западните земји, најмногу во Швајцарија и Германија.

Косовската дијаспора ја сочинуваат околу 700.000 луѓе. Приштина во моментов настојува да издејствува укинување на визите за државите од ЕУ, но Брисел тоа го условува со напредок во борбата против корупцијата којашто и натаму продолжува да биде горлив проблем за косовските власти.

 

Четири повикувачки броеви и „пешкирот“

Косово има официјално знаме на коешто на сината основа се исцртана контурите на неговата територија и шест жолти ѕвезди, коишто ги симболизираат шесте етнички групи. Косовските Албанци, убедени дека таквото знаме им го наметнала меѓународната заедница, ја нарекуваат „пешкир“. Знамето коешто е истакнато на сите места е албанското, со црниот двоглав орел на црвена основа. Може да се видат и бројни американски знамиња, во знак на благодарност за клучната улога на САД при прогласувањето на независноста. Во областите со српско мнозинство „пешкирот“ го нема никаде, таму доминира српското знаме.

Поради српското противење на косовската независност, на Косово функционираат четири повикувачки телефонски броеви. Српскиот +381 за фиксните линии, на Монако +377 и словенечкиот +386 за мобилната телефонија. На Косово по постигнувањето на договорот со Белград му е одобрен неговиот број +383, кој целосно ќе биде оперативен до крајот на годинава.

Национален јунак е џудистката Мајлинда Кељменди, освојувач на златен медал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, прва во косовската историја. Косово го користи спортот како дипломатска алатка и на незадоволство на Србија од 2014 година е членка на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и во повеќе спортски меѓународни федерации. Минатата седмица гордо го испратија својот единствен натпреварувач на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, скијачот Албин Тахири.

Дијаспората е м ногу моќна и има свое министерство, поради околу 700.000 косовски Албанци кои живеат во западна Европа. Според официјалните податоци, во првите десет месеци од минатата 2017 година иселениците на Косово испратила 620 милиони евра, што е главниот придонес за функционирањето на економијата.

Околу 95 отсто од косовските Албанци се муслимани, но една од најголемите католички цркви на Балканот се наоѓа во центарот на Приштина. Посветена е на Мајка Тереза, а црквата ја симболизира благодарноста кон Западот за независноста.