Предизвикал пожар и направил штета од 100.000 денари

Засега лице непознато на полицијата предзвикало пожар палејќи камион „сканија“, при што причинил материјална штета од 100 илјади денари.

На 30.09./01.10.2014 година, во Прилеп на ул. „Андон Слабејко“ непознат сторител го скршил странично стакло од товарно возило „сканија“ сопственост на Т.Б.(49), по што фрлил пластично шише со запалива материја и предизвикал пожар, при што е причинета материјална штета од околу 100.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.