Предлог буџет: Одвоени средства за продолжување на Жичницата

Во предлог буџетот за следната година меѓу другото, одвоени се и средства за продолжување на Жичницата на Водно, која од своја страна стана обележје на главниот град. Со близу 500.000 евра ќе се доградува вториот дел од жичницата.

Повеќе капитални инвестиции, помал дефицит предвидува предлог буџетот за 2016-та година што минатата недела беше доставен до Собранието на Република Македонија.

Покрај капиталните проекти во инфраструктурата, односно изградбата на автопати, железнички пруги, гасификацијата на национално ниво, исто така предлог буџетот предвидува дополнителни пари за жичарата на Водно.

За изградбата на вториот дел од жичарата во предлог буџетот предвидени се 490.000 евра.

Односно, како што се појаснува во предлог буџетот, овие сретства се предвидени за изградба на делот од Средно Водно до Институт за белодробни заболувања и за Секција 3: Институт за белодробни заболувања – Црква Св. Јован.

Покрај тоа, за изградба на жичарата се планирани уште 7 милиони евра во 2017 и 2018 година.

Предлог буџет: Одвоени средства за продолжување на Жичницата
Предлог буџет: Одвоени средства за продолжување на Жичницата

Жичницата која го поврзува Средно Водно со Милениумскиот крст треба да ја продолжи својата траса до црквата „Свети Јован“ во населбата Капиштец.

Првиот дел од Жичницата „Милениумски крст“ беше пуштена во употреба во  2011 година. Потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст е прва фаза, кој предвидува уште два дела: почетната станица да биде кај црквата Свети Јован во Капиштец, а втората станица ќе биде кај Детската болница.

Жичницата во моментов има 28 кабини со капацитет за осум лица, како и две елитни (VIP) кабини за по четири лица.

Со неа стопанисува Јавното сообраќајно претпријатие.